Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет милиони луѓе цели шест недели одат во карантин

Пет милиони луѓе цели шест недели одат во карантин

Австралискиот град Мелбурн од денеска е во 6-неделен карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. 

Градот повторно ќе биде под целосен карантин поради зголемување на случаите со коронавирус. 

Ситуацијата сега е покомплицирана од пред неколку месеци.

Границата помеѓу двете најнаселени австралиски држави, Викторија и Нов Јужен Велс, од денеска е затворена. 

Премиерот на сојузната држава Викторија, Денијел Ендрјуз, изјави дека од среда вечер луѓето ќе мораат да останат во своите домови, освен кога ќе требаат да одат на работа, да извршат нужни обврски. 

Има 191 нов случај за едно деноноќие. 

Тоа е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата.

Минатата недела е воведен карантин за повеќе од 300.000 жители во северните предградија на Мелбурн, откако два дена по ред е регистрирано двоцифрено зголемување на бројот на заразени. Ова ќе важи еден месец. 

Слично

Поврзани вести