Пет милијарди долари помош за Египет од Саудиска Арабија
Саудиска Арабија одобри помош од 5 милијарди долари на Египет. Пакетот вклучува 2 милијарди долари депозит во египетската централна банка, 2 милијарди долари во нафтени производи и 1 милијарда во готово, прецизира за „Reuters“ саудискиот министер за финансии Ибрахим ал Асаф.
Финансиската помош е доделена со указ на саудискиот крал Абдула. Таа се дава откако египетската армија го собори претседателот од исламистичкото движење “Муслимански браќа” Мохамед Морс.
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се ангажираа да доделат на Египет вкупно 3 милијарди долари – 2 милијарди бескаматен кредит и 1 милијарда долари грант. Веста беше објавена во Каиро за време на посетата на висока делегација од ОАЕ.
Слично
