ПЕТ ЛИЦА ПОГИНАА, ДВАЈЦА СЕ ВОДАТ ИСЧЕЗНАТИ - хеликоптерска несреќа во Италија
Пет лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Италија, додека двајца патници се уште се водат како исчезнати, два дена откако авионот исчезна од радарските екрани.
Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, изјави дека хеликоптерот се урнал во планинска област на границата меѓу Тоскана и регионот Емилија Ромања. Денеска се пронајдени телата на пет лица.
Хеликоптерот полетал од пристаништето Тоскана во четвртокот и се движел кон северниот град Тревизо, кога исчезнал од екраните на радарот откако паднал во лоши временски услови над ридско, шумско подрачје, пренесува „Курир.рс“.
Во хеликоптерот имало седум лица, меѓу кои и четворица турски бизнисмени од компанијата Екаџибаши кои присуствувале на саемот за технологија за хартија во Италија.
Според либанската државна новинска агенција NNA, другите двајца патници биле Либанци.
