Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пет деца под опсервација во САД – биле во контакт со заболениот од ебола!

Пет деца под опсервација во САД – биле во контакт со заболениот од ебола!
Во САД се следи здравствената состојба на пет деца кои биле во контакт со мажот кај кого беше детектиран опасниот вирус ебола. Децата немаат никакви симптоми засега и шансите да им е пренесен вирусот се многу мали, вели надзорникот на училишната област во Далас Мајк Мајлс. Децата не се во карантин во болница, туку нивната состојба се следи додека се изолирани во домашни услови. Пациентот кај кого беше откриен вирусот на ебола во Далас, се верува дека се заразил во Либерија, пред да пристигне во САД, пред околу две недели. Обединетите нации соопштија дека и еден член од нивниот персонал во Либерија починал најверојатно од ебола. Ова е прв смртен случај од овој смртоносен вирус меѓу персоналот на Обединетите нации.  
Слично

Поврзани вести