Пет часа прекин на огнот ќе има во два украински града
Во два града во Укриана ќе има евакуација на цивили.
Руската војска наредила прекин на огнот поради овозможување хуманитарни коридори за Мариупол и Волноваха. Прекинот започнува од 8 часот со средноевропско време, за цивилите да можат да ги напуштат опсадените градови, објави руското Министерство за одбрана, пишува новинската агенција Интерфакс.
Градскиот совет на Мариупол најави дека евакуацијата на граѓаните треба да почне во 12 часот по средноевропско време, а коридорот ќе биде отворен вкупно пет часа.
Заземањето на градот би овозможило поврзување на руските трупи со единиците од Крим и Донбас. Мариупол сега е без вода, греење и струја.Американскиот државен секретар Антони Блинкен за Би-Би-Си кажа дека е убеден дека Украина може да победи во војната против Русија. Тој не можеше да процени колку долго конфликтот би можел да трае, но инсистираше на тоа дека поразот на Русија е можен.
foto EPA
