Економија, финансии, бизнис

Контакт

Франција:Пестициди и лекови кај 10% од водата во шише

Франција:Пестициди и лекови кај 10% од водата во шише

Кај десет проценти од водата које се продава во шишиња низ Франција се откриени траги од пестициди и лекови, кои првенствено се користат за лекување рак на дојка, покажуваат резултатите од истражувањето на 60 милиони потрошувачи и Здружението на слободни потрошувачи на Франција.

„Краткорочно нема апсолутно никаков проблем во однос на квалитетот на водата. Водата е целосно исправна за пиење. Трагите на пронајдените супстанци се со големина од илјадити дел од микронот, што е занемарливо“, тврди претставникот на Здружението Тома Лоренсо.

Анализата не води до сомневање во работата на фабриките за флаширање на вода, ниту исправноста на пакувањето, туку укажува на загаденост на животната средина под влијание на човечкиот фактор, пренесува францускиот весник „Еко“. Во анализираните примероци на вода од чешма, во осум од десет случаеви пронајдени се траги од пестициди, а во некои градски средини во водата за пиење од градскиот водовод биле присутни и остатоци од тамоксифен-синтетички хормон што се користи за третман на рак на дојка.
Слично

Поврзани вести