Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСОЧНА АПОКАЛИПСА ВО ЕГИПЕТ: Се стана портокалово за момент во Каиро, затворени пристаништа, урнати билборди, една жртва ВИДЕО

ПЕСОЧНА АПОКАЛИПСА ВО ЕГИПЕТ: Се стана портокалово за момент во Каиро, затворени пристаништа, урнати билборди, една жртва ВИДЕО

Едно лице загина, а пет се повредени при уривање на билборд на главниот пат во Каиро поради песочна бура.

Невремето „скрши“ четири возила на автопатот во центарот на главниот град, каде живеат 20 милиони луѓе, објавија локалните медиуми.

На социјалните мрежи веднаш осамнаа сцени од оваа појава.


Властите затворија и две пристаништа долж Суецкиот канал поради катастрофални временски услови.

Поради намалената видливост за време на слична бура во 2021 година, контејнерски брод се заглави дијагонално во Суецкиот канал, што го наруши трговскиот тек речиси една недела.


Песочните бури не се невообичаени во Египет во текот на пролетта и често предизвикуваат респираторни проблеми.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести