ПЕСКОВ ЗА НОВИНАРКАТА КОЈА УПАДНА ВО ПРОГРАМА ВО ЖИВО ЗА ДА ЈА ОСУДИ ВОЈНАТА - тоа е хулиганство
Кремљ денеска соопшти дека потстапките на новинарката кој ги прекина вестите во живо на рускиот државен Прв канал за да ја осуди војната во Украина - се „хулиганство“.
Новинарката го изрази своето несогласување со постапките на нејзината влада, со влегување во студиото и држење на натпис зад водителката и извикување слогани со кои се осудува војната во Украина, објави Ројтерс.
„Што се однесува до оваа жена, тоа е хулиганство“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пофалувајќи го Канал 1 за објективната и квалитетна програма.
Би-Би-Си, пак, јави дека руската новинарка Марина Овсијаникова, е пријавена за исчезната во текот на ноќта.
Овсијаникова, уредничка на „Прв канал“, кој е под државна контрола, беше приведена откако вчера се појави со антивоен знак.
