ПЕСКОВ ЗА ИДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РУСИЈА: Поинаква верзија, но ист како Путин
Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, идниот претседател на Русија треба да биде како актуелниот Владимир Путин.
„Ист како него. Поинаква верзија, но ист како него“, рече Песков.
Претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 мартво 2024 година. Советот на Руската Федерација за ова ќе донесе официјална одлука во декември, по што политичките партии мора да одржат предизборни конгреси и официјално да предложат кандидати. Путин може да се кандидира за нов мандат, но се’ уште не проговорил за својата одлука кога е тоа во прашање, пишуваат „ТАСС“.
Во март годинава Хашкиот трибунал распиша потерница за апсење на Путин за извршени воени злосторства во Украина.
Слично
