Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков вели дека Западот со испорака на оружје прави во Украина да биде уште полошо

Песков вели дека Западот со испорака на оружје прави во Украина да биде уште полошо

Испораката на оружје ќе ѝ донесе на Украина повеќе страдања, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Песков денеска изјави дека испораките на оружје за Украина не ги менуваат параметрите на руската специјална операција. Вели дека употребата на тоа оружје против Русија само ќе ја влоши ситуацијата. 

„Ваквото надувување на Украина со оружје секој пат не ги менува сите параметри на специјалната воена операција. Но, едноставно ќе и нанесе уште повеќе страдања на Украина, која е едноставно алатка во рацете на оние земји кои ја снабдуваат со оружје“, рече Песков, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека населението на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск треба само да одлучи дали ќе организира референдум за приклучување кон Русија.

САД и други европски земји во повеќе наврати испорачаа оружје на Украина. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина.  Сега Русите имаат под контрола 20 отсто од територијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести