Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков вели дека за Крим нема да дискутираат, тоа прашање е затворено

Песков вели дека за Крим нема да дискутираат, тоа прашање е затворено

Русија не се откажува од Крим. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека Русија со никого нема да разговара за прашањето за Крим, дури ни во преговорите со Украина. 

„Крим е дел од Русија и во согласност со нашиот Устав, не можеме со никого да разговараме за судбината на територијата на Русија, руските региони. Тоа е исклучено, пишува во нашиот Устав. И ние нема да разговараме за некои нијанси од преговорите со вас“, рече Песков. 

Додава дека Крим и се приклучи на Русија по референдумот што се одржа во март 2014 година, на кој мнозинството жители на Крим и Севастопол гласаа за присоединување кон Русија.

Украина го смета Крим за нејзина привремено окупирана територија, додека руските власти постојано соопштуваат дека народ на Крим се изјаснил за приклучување кон Русија на демократски начин и во согласност со меѓународното право и статутот на ОН.

Рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека ова прашање е затворено. 

Припојувањето на Крим е едно од барањата на Русија, а воедно таа бара и Украина да биде воено неутрална и да се денацифицира. Путин ги призна Доњецк и Луганск како независни републики. 

Слично

Поврзани вести