Песков вели дека тесен круг на луѓе има информации за подготовката на операцијата во Украина
Руската операција во Украина се одвива според планот, тврди Кремљ.
Портпаролот Дмитриј Песков ја коментираше забелешката на белорускиот претседател Александар Лукашенко дека операцијата е „одложена“, пренесува ТАСС.
„Информациите за подготовките на Русија за специјална воена операција во Украина се дистрибуирани до многу тесен круг луѓе, поради самата специфичност на таквите акции“, рече Песков.
Русија објави колкави штети им нанела на украинските сили. Велат дека убиле 600 украински националисти.
Слично
