Песков: Украинскиот закон сега забранува какви било преговори
Путин од самиот почеток е отворен за разговори со Украина, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Тој ги коментираше зборовите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Путин сега е како што кажа „многу помек и поотворен за дијалог отколку во минатото“.
„Путин беше отворен за разговори кога всушност беше договорен текстот на документот меѓу руските и украинските преговарачи. Значи, овде ништо не се промени во овој поглед. Само ставот на Киев е променет бидејќи украинската страна потврди дека не ги продолжува разговорите со Русија. Односно, украинскиот закон сега забранува какви било преговори“, изјави Песков.
Слично
