Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСКОВ СО ПОРАКА ДО УКРАИНА И ЗАПАДОТ: Русија не може да биде поразена

ПЕСКОВ СО ПОРАКА ДО УКРАИНА И ЗАПАДОТ: Русија не може да биде поразена

Русија тврди дека Украина не може да победи во војната. Според руските власти, тоа треба да го сфати и Украина и Западот. 

„Време е Украина и САД да сфатат дека Русија не може да биде поразена“, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за телевизијата „Русија 1“, пренесе ТАСС.

Координаторот за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност Џон Кирби на 8 ноември изјави дека американскиот претседател Џо Бајден верува дека Украина може да ја врати својата територија и дека Вашингтон не се сомнева во успехот на украинските вооружени сили на бојното поле.

Владејачката коалиција на германскиот канцелар Олаф Шолц се согласи да ја удвои германската воена помош за Украина следната година на осум милијарди евра, објави Bloomberg News, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари. За една година Украина уништила осум руски бродови. 

Слично

Поврзани вести