Песков: Секојдневно Русија е напаѓана од американски хакери
Русија понуди контра-тежа на обвинувањата на Хилари Клинтон, но и на американскиот безбедносен апарат дека се води хакерски војна иницирана од страна на руските служби.
- Хакерски напади врз Русија од територијата на САД се регистрираат секојдневно, вклучително и на веб сајтот на претседателот Путин, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Денеска поранешниот ФБИ директор Џејмс Коми пред Сенатот на САД сведочеше за околностите под кои бил отпуштен од претседателот Трамп и дека тоа се должело на истрага за поврзаност на изборниот штаб со руски функционери и агенти што е сериозен скандал. Исто така во Сенатот ќе се води истрага за хакерските напади врз Демократската партија, но и врз избирачките комитети за кои се верува дека се извршени од руски владини хакери. Сепак, Русија возвраќа дека состојбата е многу различна и тие исто така се соочуваат со бројни хакерски напади.
- Не би сакал да ја занимавам јавноста со тоа што ќе речам дека официјален Вашинтон стои зад хакерските напади. Не значи дека ако има хакерски напад од одредена територија зад тоа стои и власта или пак безбедносните служби, посочи Песков.
