Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСКОВ: Русија е заинтересирана за разговори со САД за нуклеарното оружје

ПЕСКОВ: Русија е заинтересирана за разговори со САД за нуклеарното оружје

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е заинтересирана за разговори со САД за нуклеарното оружје, но додаде дека има мали шанси да се водат преговори во овој момент.

„Заинтересирани сме и веруваме дека преговорите и дискусиите на оваа тема ќе продолжат, со оглед на тектонските промени што ги гледаме... такви разговори се потребни во целиот свет“, изјави Песков за новинарите, пренесува Ројтерс.

Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан претходно денеска изјави дека Русија не треба да ја затвори американската амбасада и покрај кризата предизвикана од конфликтот во Украина, бидејќи Москва и Вашингтон, двете најголеми нуклеарни сили во светот, мора да продолжат да разговараат.

Слично

Поврзани вести