Песков откри што правел Путин за време на дебатата Бајден-Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин реши да спие наместо да ја гледа дебатата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и републиканскиот противкандидат Доналд Трамп.
„Мислам дека не можете да очекувате рускиот претседател да постави аларм, да се разбуди среде ноќ и да ја следи дебатата. За нас тоа не е голем настан“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Дебатата започна во 21 часот, што е 4 часот во Москва. Бајден се мачеше за време на дебатата, често пелтечеше и паузираше, поради што некои демократи рекоа дека треба да се повлече од трката. Песков без иронија додаде дека Русија никогаш не се мешала во изборните кампањи и дека воопшто нема намера да ја коментира дебатата.
Државната новинска агенција РИА објави колку пати Бајден и Трамп го спомнале името на Владимир Путин (по седум пати) и Русија (Трамп: 16, Бајден: 0).
Руските медиуми најмногу се фокусираа на коментарите на Бајден дека Кремљ нема да застане со освојување на Украина и дека сака повторно да ја воспостави Советската империја и на неговиот опис на Путин како воен злосторник, пренесува Mondo.rs.
