Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков одговори дали се спрема поделба на Украина по корејски модел

Песков одговори дали се спрема поделба на Украина по корејски модел

Сепак нема план за поделба на Украина каков што се пласираше. Рускиот функционер Дмитриј Песков ги опиша како „измама“ минатонеделните извештаи во Украина дека Дмитриј Козак, заменик-шефот на претседателската администрација на Русија, бил вклучен во тајна дипломатска мисија за решавање на украинскиот конфликт.

„Наводите дека Русија тајно преговарала за крај на конфликтот во Украина по линијата на тоа како заврши Корејската војна е лажна“, изјави во понеделникот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува РИА.

Алексеј Данилов, шефот на Советот за национална безбедност на Украина, за време на телевизиско интервју минатата недела тврдеше дека извесен политичар со презиме Козак „стапил во акција“ и одржувал состаноци со европски претставници за да ги натера да потпишат мировно решение. 

Тој изјави дека Русија сака да ја подели неговата земја како што беше поделен Корејскиот полуостров во 1953 година.

„Киев нема да прифати таков договор“, изјави Данилов.

Тарас Козак е украински политичар избран во парламентот на земјата во 2019 година и член на фракцијата на блокот  на опозициската партија „За живот“. Партијата беше под постојани напади од владата на претседателот Владимир Зеленски за наводна проруска агенда, но нејзините членови инсистираа дека се жртви на политички прогон.

На почетокот на 2021 година, украинскиот совет за безбедност воведе лични санкции против Козак и шефот на партијата, Виктор Медведчук. Во мај истата година и двајцата беа обвинети за државно предавство за наводно предавање на украинските тајни на Русија.

Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари лани, но Украина не попушта и не сака да прави отстапки за територија. 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „парадоксот“ на Владимир Путин е што тој воопшто не е „непријатен“ човек.

foto EPA- EFE/VALERIY SHARIFULIN/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Слично

Поврзани вести