Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни

Песков нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни

За Кремљ, заштитата на суверенитетот на Русија не значи изолација од остатокот од светот. 

Ова го кажа портпаролот на Кремљ,  Дмитриј Песков во интервју за ТАСС пред Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

„Видовме дека во подготовките за форумот, рускиот претседател Владимир Путин се сретна со млади инженери, претприемачи, научници кои исто така ќе учествуваат на собирот, и зборуваше многу за нашиот суверенитет, и технолошки и индустриски, комерцијален и така натаму. Нашиот суверенитет во никој случај не значи изолација“, рече Песков.

Песков нагласи дека обидите да се истисне Русија од светските настани се апсолутно безнадежни, затоа што тоа е всушност невозможно. Откако Русија на 24 февруари ја нападна Украина, ЕУ и САД воведоа серија на санкции, а руските уметници и спортисти беа исклучени од бројни настани. 

Слично

Поврзани вести