Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков: Мобилизацијата заврши, нема потреба од акт за прекин

Песков: Мобилизацијата заврши, нема потреба од акт за прекин

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска соопшти дека на Москва не и е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација.

„По најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Точка“, изјави Песков, пренесува ТАС С.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани.

На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот.

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација.

По тој повод рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во делот на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Минатата недела, по средбата со претседателот Владимир Путин, Шојгу објави дека се завршени активностите поврзани со делумната мобилизација во Русија.

„Задачата која вклучува мобилизација на 300.000 граѓани е завршена. Продолжување на мобилизацијата не се предвидува“, изјави тогаш Шојгу и нагласи дека се посветува големо внимание на подготовката на мобилизираните граѓани пред да бидат испратени во зоната за специјални операции.

Воедно, рускиот претседател им се заблагодари на сите кои ја организираа мобилизацијата и рече дека сега главна задача е сите мобилизирани да ја поминат потребната обука и да добијат комплетна опрема.

Слично

Поврзани вести