Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков го пофали планот на Маск за мир во Украина

Песков го пофали планот на Маск за мир во Украина

На Кремљ му се допаѓа предлогот на милијардерот Илон Маск за мир во Украина. 

Велат дека за разлика од многу дипломати, тој се залага за мир, но нагласуваат дека без исполнување на руските барања мир не е можен. 

„Многу е позитивно што некој како Илон Маск размислува за мирен излез од оваа ситуација“, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Маск предложил повторно гласање во регионите присоединети кон Русија, овој пат под надзор на Обединетите нации, по што Русите би се повлекле во случај на негативен резултат. Маск предложи Крим и официјално да стане дел од Русија, „како што било од 1783-та година“ до грешката на советскиот лидер Никита Хрушчов. Тој во спорната објава на Твитер повикал и на неутрален статус на Украина.

Но, украинските власти велат дека никогаш нема да прифатат да ја предадат територијата која им е одземена со сила, а правни референдуми не може да се одржуваат на окупирана територија на која има многу убиени или протерани. Многу украински политичари и новинари бурно реагираа на планот за мир на Маск.

Овие денови, откако Русија ги анектираше четирите украински региони, украинската војска напредува на терен и полека ги враќа своите градови и села. 

Инаку, и Папата Франциск повика двете земји да го прекинат огнот и да преговараат. 

Слично

Поврзани вести