Економија, финансии, бизнис

Контакт

Песков ги обвини САД дека провоцираат

Песков ги обвини САД дека провоцираат

Од Кремљ велат дека Русија и Кина не претендираат да владеат со цел свет, иако ги остваруваат билатералните односи. 

„Русија и Кина не се стремат да владеат со целиот свет, други земји имаат таква тенденција“, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде и дека Соединетите Американски Држави(САД) се главниот извор на провокативни акции.

„Постои апсолутна согласност за различни провокации, чиј извор се САД, како и фактот дека таквото дестабилизирачко однесување е недозволиво“, рече Песков,пренесе Новости.рс.

САД ја снабдува Украина со оружје. Инаку, рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да испрати над 300.000 тони руско ѓубриво, заглавено во европските пристаништа, до земјите во развој, доколку Европа се согласи дополнително да ги ублажи санкциите. 

Слично

Поврзани вести