Песков ги кажа црвените линии на Русија
Русија ги соопшти црвените линии.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за ТВ Русија 1 изјави дека Русија не може да биде нечиј вазал и ќе продолжи да ги брани своите интереси, пренесува РИА Новости.
Тој денеска изјави дека платформата за разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Џо Бајден би можела да биде желбата на САД да ја слушнат загриженоста на Русија за одредени прашања, вклучително и безбедноста.
„Значи, платформата за разговор би можела да биде желбата на САД да ја слушнат нашата загриженост, односно желбата на САД да се вратат во состојбата декември-јануари и да си кажат „она што го нудат Русите може не ни одговара на сите, но можеби вреди да седнеме за преговори на масата. Тука мислам на нацрт-документите кои беа испратени до Брисел и Вашингтон“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Портпаролот на Кремљ вели дека кога станува збор за Украина, одлучувачка улога има Вашингтон, а не Киев.
„Претседателот, легитимниот претседател на Украина, господинот Зеленски, е во Киев, можно е да се постигнат некакви договори со него, врз основа на искуството од март, но тие договори не се валидни, бидејќи може веднаш да се откажат по наредба од надвор“, рече Песков.
Русија е подготвена за преговори со Украина.
