ПЕСКОВ ДО КАДИРОВ: Во тешки времиња треба да се исклучат емоциите
Од Кремљ му одговорија на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој упати критики за состојбата на бојното поле во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков рече дека Кремљ се залага за „урамнотежен“, а не „емоционален“ пристап кон нуклеарното оружје. Тој го пофали Кадиров за својот придонес.
„Во тешки времиња треба да се исклучат емоциите… Претпочитаме да дадеме одмерена и објективна проценка на ситуацијата. Основата за каква било употреба на нуклеарно оружје е во руската нуклеарна доктрина“, рече Песков.
Кадиров кажа дека Русија треба да користи „нуклеарно оружје со мала моќност оружје“ или ниска радиоактивност.
Инаку, Кадиров своите три малолетни синови ги испраќа во Украина да војуваат.
Слично
