ПЕСКОВ - ДА НЕ БРЗАМЕ СО СТРАШНИ ЗБОРОВИ, политичките цели не може да се постигнат со провокативни чекори
Песков рече дека не сака да избрзува со големи зборови, кога новинарите прашаа за можен конфликт околу Тајван.
Прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков, повика да не се изговараат „силни и страшни зборови“ за заканата од светска војна од големи размери поради позадината на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван.
Запрашан да оцени колку светот е блиску до нова глобална конфронтација и закана од светска војна од големи размери на позадината на посетата на Пелоси на Тајван, Песков повика да не се брза со „големи зборови“.
- Јас не сум поддржувач на употреба на толку силни и застрашувачки зборови. Ви предлагам да не го правите тоа - им рече на новинарите во средата портпаролот на Кремљ.
Тој посочи дека „невозможно е да се потцени нивото на напнатост предизвикано од оваа посета во азиско-пацифичкиот регион“.
„Ова е најчиста провокација. Ова не е линија насочена кон поддршка на слободата и демократијата. Ова е чиста провокација. Овие чекори треба да се нарекуваат со нивното вистинско име“, нагласи тој.
Како што истакна Песков, Москва е убедена дека „никакви политички цели не треба и не можат да се постигнат со такви провокативни чекори“.
