ПЕСИМИЗАМ ВО ЕУ: Европа е загрозена, војната дојде до нејзини граници!
Состојбата во ЕУ не е добра, туку загрижувачка, оцени претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.
Тој, во текот на дискусијата под наслов „Гласови за иднината на Европа“ во Виена, рекол дена е неопходна јасна расподелба на надлежностите и суштински реформи, па дури и измена на договорот на ЕУ.
Истовремено оценил дека храброста за преземање на тие чекори е ограничена.
„Имаме центрифугални сили во ЕУ“, констатирал Шулц и додал дека поради тоа Европа е загорзена.
Во време на глобализација Европа се повлекува, наместо да ги прифати тие предизвици, рекол тој истакнувајќи дека граѓаните повеќе не им веруваат на институциите и дека таа доверба може да биде вратена само со подобра распределба.
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер пак вели дека е тешко да се опише состојбата во ЕУ.
„Реалноста е дека многу работи функционираат добро, а за тоа никој не говори. Многу од тоа, меѓутоа не функционира, а многу се сфаќа како нешто што се подразбира“, објаснил тој.
Јункер предупреди дека често од вид се испушта и прашањето на војна и мир.
„Војната дојде на нашите граници“, рекол тој во врска со војната во Сирија и Украина.
Истовремено додал дека Европа е и најмал континент, а дека нејзините граѓани секогаш мислат дека се „господари на светот“
Исто така и делот на Европа во светската економија често опаѓа, поради што, како што додава, не треба да се запре со европската интеграција.
