Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕСИМИСТИЧКИ ПРЕДВИДУВАЊА: Од лошо кон полошо, до најлошо во 2016 година!

ПЕСИМИСТИЧКИ ПРЕДВИДУВАЊА: Од лошо кон полошо, до најлошо во 2016 година!

Новата 2016 година веќе ни тропа на вратата, а агенција Bloomberg состави своја листа со можни песимистички сценарија на глобалната сцена, кои може да доведат до суштински промени на Земјата - во најлош аспект.

Сите лоши прогнози имаат едно големо објаснување - не се особено веројатни да станат факт. А сепак - никогаш не се знае, особено кога станува збор за многу моќ и многу пари. Еве што предвидува агенцијата Блумберг.

ЕУ против имигрантите

Унијата е растргната од стравови пред имигрантите. Серија терористички акти, слични на париските, во многу градови на ЕУ - Лондон, Берлин, Минхен, Рим - како последица од преполнетата Европа од бегалци, кои провоцираат глобална политичка криза во сите 28 земји членки на ЕУ. Германскиот канцелар Ангела Меркел ќе биде принудена да поднесе оставка, бидејќи нејзината толерантна политика на добродушен однос кон бегалците е во спротивност со ставот на повеќето Германци. Во меѓувреме, во Франција расте популарноста на водачот на "Национален фронт" Марин Ле Пен - Французите се уморни од имигранти и го поддржуваат нејзиното ветување да ги затвори границите и да воведе ред во економијата. Ле Пен како никогаш досега е во близина на претседателскиотстол.

Путин ќе го изигра Обама

Владимир Путин успева да го изигра Барак Обама во Сирија, откако го реализира руското сценарио на предавање на власта во земјата во рамките на договор за борбата против "Исламска држава". Како резултат на договорот запира протокот на бегалци кон Европа, што го намалува нивото на притисок од страна на Ангела Меркел и другите европски лидери на руската власт. Конечно Меркел попушта пред бизнис лобито кое ја убедува дека е дојдено време да се тргнат санкциите против Русија. Путин на тој начин го зајакнува новиот однос на Блискиот Исток и го проширува влијанието на Русија надвор од границите на пост-советскиот простор. Русија станува голем трговски партнер на Европа, оставајќи ја украинската криза во минатото.

Бегството на Велика Британија

На челно место во листата на стравови е излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Во обид да стави крај на нејасноста во врска со иднината на земјата во составот на ЕУ, премиерот Дејвид Камерон иницира референдум во мај. Во исто време градоначалникот на Лондон Борис Џонсон, член на конзервативната партија, фрла предизвик пред Камерон и застанува на чело на кампањата за излез од ЕУ. Искористувајќи ги популистичките методи - критика на политичкиот статус кво и стравувањата од прилив на нов бран бегалци - тој се издвојува како лидер. Камерон поднесува оставка, големите банки и хеџ фондови, во желбата да заштедат на користа од престојот во зона на слободна трговија, ги преместуваат своите операции зад границата. По нив следат наскоро и производителите. Во економијата започнува продолжената рецесија, фунтата паѓа.

Израел против Иран

Израел нанесува удар по ирански нуклеарни објекти. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, отстапува пред стравот за иранската нуклеарна програма, заповеда да се нанесе предупредувачки удар по иранските нуклеарни објекти. Тоа уште повеќе ќе го вжештува регионалниот конфликт, во САД овие акции ги засилуваат позициите на "јастреби". Златото поскапува, акциите на израелските компании паѓаат, а акциите на воените компании скокаат. Трговските трансакции со Иран се замрзнуваат, што се одразува болно на европските нафтени компании.

Слично

Поврзани вести