ПЕШАЧКИ МОСТ СЕ УРНА, 27 ПОВРЕДЕНИ! Ученици кои биле на училишна екскурзија пропаднале, итно пренесени во болница (Видео)
Околу 27 лица, меѓу кои и неколку ученици, се повредени при уривање на мост во финскиот град Еспо.
Според информациите од управата на болницата во Хелсинки, голем дел од повредените се ученици од основното училиште Каласатама во Хелсинки кои биле на училишен излет.
Мостот се урнал околу 9:30 часот, а болницата соопшти дека до 11:10 часот биле прегледани 15 пациенти.
Повеќето од примените се здобиле со скршеници на коските откако паднале „неколку метри“ откако попуштил привремен пешачки мост, пишува „Дејли стар“.
Инцидентот се случил во Епсо, на околу 20 километри од финската престолнина Хелсинки.
Полицијата во моментов врши увид на несреќата и врши технички увид на местото на настанот. Ситуацијата се уште се проценува, а полицијата ќе објави повеќе информации кога ќе станат достапни.
Според очевидци, пешачкиот мост е изграден на градилиштето и води до еден од трговските центри.
Espoon sillan romahduksessa loukkaantui noin 27 nuoren koululaisryhmä – loukkaantuneita hoidetaan useassa HUSin sairaalassa
Lue lisää: https://t.co/LLlFfmOUfn pic.twitter.com/SUAxBtHuyS
Според спасувачката служба, повредени се млади лица, претежно малолетни.
Според извештаите, досега во болниците се пренесени 24 повредени.
Повеќето од повредените имаат скршеници на екстремитетите.
Сату Јарвенкалалас, директор за образование и обука во Хелсинки, вели дека учениците биле осмоодделенци и биле на пат кон музејот за уметност Ема.
Финскиот претседател Сали Ниинисто рече дека жали за инцидентот
Фото: Принтскрин/Твитер