Економија, финансии, бизнис

Контакт

PepsiCo ќе ја позлати Индија – вложува 5 милијарди долари

PepsiCo ќе ја позлати Индија – вложува 5 милијарди долари
PepsiCo Inc., светскиот производител на сокови и грицки објави дека ке инвестира 330 милијарди рупии или 5,2 милијарди долари со своите партнери во Индија до 2020 година за да го зголеми производствениот капацитет и да овозможи нови производи. Основана во Њујорк компанијата и нејзините партнери ќе ги зголемат инвестициите во инфраструктурата за достава во втoрата најгусто населена земја во светот со фокус на селските региони се вели во соопштението објавено од компанијата.
Индија е земја со огромен потенцијал и останува привлечен, високо приоритетен пазар за PepsiCo,  вели претседателот и главен извршен директор Индра Нјуи.
PepsiCo, која е компанија сопственик на Frito-Lay, Gatorade и Quaker Oats, планира да го зголеми својот производтсвен капацитет со своите партнери во Индија повеќе од двојно од сегашното ниво до 2020 година. Компанијата и нејзиниот конкурент  Coca-Cola се борат за поголемо парче од пазарите во земјите во развој поради темпото на развој кое во  Азија, Блискиот исток и африка се 4-5 пати повисоки од тие во САД и Европа. Индија е еден од најголемите пазари за компанијата, а инвестициите ќе овозможат да се рашири опфатот на храна и напивки кои ќе се продаваат во оваа земја. Инвестицијата на меѓународниот производител на напитоци е доста добар бран за земјата која се бори со истекување на капиталот со намалувањето на вредноста на валутата. Индиската економија се очекува да порасне за 5 отсто до март 2014 според прогнозите на централната банка. Пазарниот дел на PepsiCo од пазарот на газирани безалкохолни напитоци во Индија падна до 36,4% во минатата година наспрема 40,1% во 2007г показуваат истражувањата на Euromonitor. Coca-Cola држи 60,9 отсто наспрема 57те во 2007г. К.К.
Слично

Поврзани вести