„Pepsi“ ќарил профит на сметка на чипс
„Pepsi“, американскиот производител на безалкохолни пијалоци во третиот квартал од оваа година оствари нето профит од 1,91 милијарди долари.
Тое е за помалку од еден процент повеќе во однос на истиот период минатата година.
Сепак инересен е фактод дека компанијата го зголеми профитот благодарение на зголемената продажба на чипсот „Frito-Lay“, кој ја ублажи слабата продажба на пијалоци на северноамериканскиот пазар.
Нето профитот по акција во третиот квартал достигнал 1,23 долари по акција во однос на 1,21 долар во истиот период минатата година. Аналитичарите во анкетата на Ројтерс прогнозираа околу седум центи пониски цени за една акција.
Според финансискиот директор на компанијата Хју Џонстон зад компанијата стои „добар квартал“ и тоа ќе ги задоволи пошироките кругови на инвеститори.
Слично
