Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕПЕЛ НАД 5 КМ: Поради ерупција на вулкан луѓето ги напуштија домовите

ПЕПЕЛ НАД 5 КМ: Поради ерупција на вулкан луѓето ги напуштија домовите

Луѓето кои живеат во близина на индонезискиот вулкан Мерапи утрово добија апел за евакуација, откако вулканот исфрли големи количини на пепел и чад.

Евакуирани се луѓето кои живеат на 5 км од вулканот. 

Ерупцијата се случила ненадејно и е проследена со голема врева. 

Вулканот формира столб од пепел во висина од 5.500 метри. 

Тој се смета за најактивен вулкан во земјата. 

Вулканот Мерапи е висок 2.968 метри и се наоѓа меѓу Јогјакарта и провинцијата Централна Јава и е најактивниот од 500 вулкани во Индонезија.

Слично

Поврзани вести