ПЕНЗИОНИРАНАТА МЕРКЕЛ НА ДОСЕГА НЕВИДЕНИ ЖЕСТОКИ ОСУДИ: Критикуван и Шолц-„ги блокира одлучувачките санкции на ЕУ“
Украинскиот претседател
Володимир Зеленски, веќе извесно
време упатува остри забелешки против поранешната германска канцеларка
Ангела Меркел.
Пред 14 години, на самитот на Алијансата во Букурешт, пред се Ангела Меркел и тогашниот француски претседател Никол Саркози повикаа Украина да не добие покана за членство во НАТО, за да не ја испровоцира Русија.
Денес, Зеленски тоа го нарекува „погрешна пресметка“ поради која Украина сега ја доживува „најлошата војна од Втората светска војна“, пишува Deutsche Welle.
Северен тек 2 по анексијата на Крим
Дури и по руската анексија на Крим во 2014 година, германската влада под Ангела Меркел не сакаше да испорача оружје на Украина. И веднаш потоа издаде дозвола за изградба на гасоводот Северен тек 2, кој ја заобиколува Украина како транзитна земја за рускиот гас.
„Како Москва може да го разбере ова, освен како премолчено одобрување на насилни промени на границите“, рече Хенинг Хоф од германската асоцијација за надворешна политика. Полскиот премиер Матеуш Моравјецки директно и се обрати на Ангела Меркел.
„Госпоѓо канцеларка, вие молчите од почетокот на војната. А токму германската политика во последните десет-петнаесет години ја доведе Русија да ја има таа моќ денес, која се заснова на монопол на продажбата на суровини“.
Моравјецки додаде дека германскиот канцелар Олаф Шолц ги блокира одлучувачките санкции на Европската унија.
Меркел и Шолц не се единствените критикувани
Ангела Меркел и Олаф Шолц не се единствените критикувани во моментов. Во германскиот весник Tagesspiegel, украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник го обвини германскиот претседател Штајнмаер (кој долго време беше министер за надворешни работи во владата на Ангела Меркел) дека за него „односот кон Русија е нешто фундаментално, дури и свето, што и да се случи, дури и воено агресијата не игра голема улога овде“.
Никогаш досега во историјата на Сојузна Република Германија, странски амбасадор толку жестоко не го нападнал германскиот претседател.
ФОТО: EPA/CLEMENS BILANCLEMENS BILAN