ПЕНЗИОНИРАН ПОЛИЦАЕЦ НАПРАВИ МАСАКР ВО БАР ВО ЛОС АНЏЕЛЕС - Најмалку четворица мртви
Најмалку четири лица загинаа, а пет се ранети во масовно пукање што се случи синоќа во познат моторџиски бар во кањонот Трабуко во близина на Лос Анџелес, соопшти полицијата.
Полицијата одговорила на повикот од барот Cook's Corner околу 20:30 часот и таму пронашле вистински масакр, пишува Лос Анџелес Тајмс (ЛА Тајмс).
Двајца од изворите на весникот, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека пукачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура и дека негова цел била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до бар каде пукал во толпата.
Сенаторот Дејв Мин рече дека има „скршено срце“ по веста за уште едно масовно убиство. „Моето срце е скршено за семејствата и најблиските на жртвите од ова пукање“.
Бар „Cook's Corner“ е популарно собиралиште на моторџиите уште од 70-тите години на минатиот век.
4 dead, including shooter, in mass shooting at Southern California bar, authorities say https://t.co/x4sXWLFZ44
— Stawicki Photography (@StawickiPhotog) August 24, 2023
Фото: Принтскрин/Твитер
