ПЕНЗИОНИРАН ГЕНЕРАЛ ЗА КОЈ МАЛКУ СЕ ЗНАЕ: Иран го назначи Мохамед Багер Золгхадр за шеф на Врховниот совет за национална безбедност
Иран го назначи Мохамед Багер Золгхадр за шеф на Врховниот совет за национална безбедност на земјата.
Иранските власти го назначија Мохамед Багер Золгхадр, поранешен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда ИРГЦ, за шеф на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објавија локалните медиуми, пренесува Нова.рс.
Золгхадр ќе го замени Али Лариџани, кој неодамна загина во американско-израелските напади врз Иран.
Во јавноста многу малку се знае за овој пензиониран генерал. Од малкуте јавни податоци за него се наведува дека е роден во средината на 1950-тите, дека е ветеран од Иранско-ирачката војна (1980–1988) и дека својата воена кариера ја поминал во моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда, пренесува германската агенција ДПА. Золгхадр му беше лојален на Лариџани, кој се сметаше за еден од столбовите на Исламската Република.
На 28 февруари, САД и Израел почнаа со напади на Иран.foto printskrin youtube
