Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионери преживеаја 10 дена на море без вода и храна

Пензионери преживеаја 10 дена на море без вода и храна

Двајца пензионери 10 дена преживеаја на море без вода и храна.

Патување од Њу Џерси се претворило во хорор, откако нивниот брод останал без гориво и струја, па тие 10 дена пловеле во Атлантикот.

Кевин Хајд и Џо Дитомасо сакаат да ги поминуваат пензионерските денови на едрилица. Имаат 65, односно 76 години и решиле да отпловат од Њу Џерси до Флорида без воопшто да очекуваат каква опасна авантура ги чека на пат. Но, имало бура која не ја очекувале.

„Налетавме на огромно невреме што само не однесе, нè однесе надвор од курсот. Изгубив дел од јарболот, па немав моќ да се свртам. Бурата не турка сè подалеку од копното“, се сеќава Хајд, пренесува „CBS“.

Било невозможно да се плови на други начини затоа што веќе немале ниту едро, а работата ја отежнувале огромните бранови.

„Мориња високи 15 метри, тоа се планини, а не бранови“, изјави Дитомасио за „Фокс њуз“.

Семејството веднаш не повикало полиција или крајбрежна стража. Им требало една седмица за да сфатат што се случува. 

„Навикната сум дедо ми често да го губи мобилниот или полначот. Мислев дека ова е само еден од тие моменти и не бев загрижена”, рекла внуката на еден од преживеаните.

Потрагата ја започнала крајбрежната стража, која им наложила на сите што се приближуваат на американско тло да внимаваат на потенцијалните морнари во неволја.

Слично

Поврзани вести