Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пензионер е „таткото“ на биткоинот!

Пензионер е „таткото“ на биткоинот!
64-годишен физичар од САД со јапонско потекло, Доријан Прентис Сатоши Накамото, е „таткото“ на биткоинот, но не сака да зборува за виртуелната валута која ја создал, тврди американскиот магазин „Њусвик“. Според двомесечните истражувања на новинарка во овој магазин, Накамото е татко на 6 деца, дипломирал физика на Политехничкиот универзитет во државата Калифорнија, а сега живее целосно повлечено и скромно во гратчето Темпл Сити. Тој извесно време работел строго доверливи работи за армијата на САД и за различни корпорации, поради што неговата биографија била полна со тајни. Хоби му е собирање на модели на возови. „Пред мене стоеше таткото на биткоионот. За тоа не знаеше ниту неговото семејство“, пишува новинарката на весникот за средбата со него. „Не сум многу замешан во тоа, и не можам да разговарам за тоа. Тоа е препуштено на други луѓе. Сега тие се главни. Јас со тоа немам никаква врска повеќе“, рекол Накамото и така, според новинарката, посредно признал дека е одговорен за биткоинот. Со ова откритие се тврди дека креаторот на биткоинот не е некој математички гениј или анархист, туку обичен пензионер. Меѓутоа на форумите посветени на оваа виртуелна валута, веќе се појавија сомневања во вистинитоста на оваа приказна.
Слично

Поврзани вести