Пентагон за Киев: Украинците им ги отежнуваат работите на Русите и ги насочуваат на југ
По експлозиите кои се случија попладнево во Киев, портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека руските сили се обидуваат да се приближат до главниот град на Украина, но се уште се надвор од центарот на градот.
Сепак, велат дека тие имаат намера да влезат во центарот.„Украинците „прилично ефективно пружаат отпор околу Киев. Тие многу им ги отежнуваат работите на Русите и ги насочуваат да одат на југ“, додаде Кирби.
Тој не можеше конкретно да каже дека рускиот конвој бил виден на сателитските снимки како се движел кон Киев.
Во Украина веќе петти ден се војува, откако Русија ја започна инвазијата. Засега нема точни податоци за вкупниот број загинати.
Слично
