ПЕНТАГОН ТРАГА ПО ВОНЗЕМЈАНИ: Не најдовме докази за вонземјани, но потрагата продолжува
Досега Пентагон не нашол докази дека вонземјани ја посетиле Земјата или паднале на нашата планета, изјавија денеска високи американски воени претставници.
Директорот на новиот оддел на Пентагон за истражување на аномалии од секаков вид (ААРО), Шон Киркпатрик, на првата прес-конференција од неговото формирање во јули, не ја исклучи можноста за постоење на вонземски живот и изјави дека сака да се пријде на оваа тема од чисто научна гледна точка, пренесува Ројтерс.
- Нашата анализа ќе биде многу промислена и строга, ќе испитаме се. Како физичар ќе се придржувам до чисто научни методи и податоци – изјави Киркпатрик.
Тој додаде дека ААРО ќе се фокусира на необјаснети појави околу воените инсталации и во воздушниот простор контролиран од војска и „други места од посебен интерес“ за да открие можни закани за националната безбедност.
Извештајот на американската влада од минатата година документираше повеќе од 140 случаи
на она што американската војска официјално го нарекува „неидентификувани воздушни феномени“, кои се забележани од 2004 година.
(Танјуг)
