Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пентагон со одговор: Ако продолжат провокациите Трамп ќе добие предлог мерки за излегување на крај со Ким и Северна Кореја

Пентагон со одговор: Ако продолжат провокациите Трамп ќе добие предлог мерки за излегување на крај со Ким и Северна Кореја

Пентагон соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп ќе предложи опции за решавање на проблемите со Пјонгјанг ако продолжат провокациите.

Претходно севернокорејскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја го задржува правото да уништува американски бомбардери во меѓународниот воздушен простор.

„Ако Северна Кореја не ги запре своите провокативни акции, знаете, ние ќе се погрижиме да пружиме опции претседателот да излезе на крај со Северна Кореја“, рекол портпаролот на Пентагон полковникот Роберт Манинг пред новинарите.

„Бидејќи САД и објавија војна на нашата земја, ние ќе имаме секако право да преземеме контрамерки, вклучувајќи го правото да ги собориме американските стратешки бомбардери дури и кога не се внатре во границите на воздушниот простор на нашата земја“, истакнал министерот за надворешни работи на Северна Кореја.

Слично

Поврзани вести