Пентагон: Русите приближуваат големи ракетни ситеми кон Украина
Русија за многу кратко време би можела да им достави ракетни системи со голем калибар на проруските сепаратисти во Украина, предупреди денеска Пентагон.
Полковникот Стив Ворен, повикувајќи се на податоци од американската разузнавачка служба, навел дека САД регистрирале приближување на руските ракетни системи кон украинската граница и оти тие уште денеска би можеле да стигнат во рацете на проруските сепаратисти.
„Веруваме дека би можеле да го префрлат оружјето секој момент“, рекол Ворен, додавајќи дека Русија и натаму „бавно, но постојано“, продолжува да го зголемува бројот на своите војници покрај руско-украинската граница и овој број сега изнесува околу 12.000.
Слично
