Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пентагон предупредува: Последиците од мините во Ормуската Теснина би можеле да се чувствуваат со месеци

Пентагон предупредува: Последиците од мините во Ормуската Теснина би можеле да се чувствуваат со месеци

Расчистувањето на Ормуската Теснина од мини што, според американските проценки, ги поставил Иран, би можело да трае и до шест месеци, покажува извештај на Пентагон доставен до Конгресот. Проценката, според „Вашингтон пост“, била изнесена на затворен брифинг пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Американските власти сметаат дека Иран можеби поставил најмалку 20 мини во и околу теснецот, преку кој минува околу петтина од светската трговија со нафта. Дел од нив, според истите извори, биле поставени со Џи-Пи-Ес технологија, а дел од помали пловни објекти.

Во Вашингтон се проценува дека евентуалното расчистување веројатно би почнало дури по завршувањето на војната меѓу САД и Иран. Тоа отвора стравувања дека притисокот врз енергетските пазари, цената на нафтата и горивата би можел да трае до крајот на годината, па и подолго.

Пентагон разгледува повеќе можности за отстранување на мините, меѓу кои хеликоптери, дронови и специјални нуркачки тимови, додека Иран и натаму ја држи Ормуската Теснина како клучен адут во судирот со Вашингтон.

Слично

Поврзани вести