Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНТАГОН ПОТВРДИ И ОФИЦИЈАЛНО: Последните американски сили го напуштија Авганистан по цели 20 години

ПЕНТАГОН ПОТВРДИ И ОФИЦИЈАЛНО: Последните американски сили го напуштија Авганистан по цели 20 години

Пентагон доцна синоќа соопшти дека го завршиле повлекувањето на своите сили од Авганистан речиси 20 години по нападот врз земјата како одговор на нападите врз Америка на 11 септември 2001 година.

Повеќе од 122.000 луѓе го напуштија Кабул со воздушен мост воспоставен на 14 август, еден ден пред Талибанците да ја вратат контролата врз Авганистан, кои обезбедија засолниште на милитантната група Ал Каеда, која е обвинета за нападите врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година.

Вашингтон и сојузниците на НАТО не очекуваа дека Талибанците ќе ја преземат власта толку брзо и беа принудени брзо да ја напуштат земјата, оставајќи зад себе илјадници Авганистанци кои им помагаа сзминатите 2 децении.

„Ова заминување беше многу болно. Не успеавме да ги извлечеме сите“, рече генералот Френк Мекензи, командант на Централната команда на САД, на брифинг со новинарите во Пентагон.

„Но, мислам дека да останавме и уште 10 дена подолго, нема да можеме да ги извадиме сите,“, рече Мекензи, додавајќи дека главниот американски дипломат во Авганистан, Рос Вилсон, бил на последниот лет.

Итната евакуација беше завршена пред крајниот рок во вторникот, утврден од американскиот претседател eо Бајден, кој одлучи да го спроведе договорот за повлекување на војниците, потпишан со Талибанците од неговиот претходник, Доналд Трамп.

САД и нивните западни сојузници се обидоа да ги спасат своите граѓани и преведувачи, вработени во локалната амбасада, активисти за граѓански права, новинари и други Авганистанци.

Евакуацијата стана уште поопасна откако бомбаш -самоубиец во четвртокот, изврши невиден масакр, во кој загинаа 100-тина цивили и уште 13 припадници на американската војска кои чекаа на влезот на аеродромот.


Слично

Поврзани вести