Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНТАГОН ОДАМНА СЕ СПРЕМАШЕ: Во Украина се испраќа Атакмс, се чека само потпис на Бајден

ПЕНТАГОН ОДАМНА СЕ СПРЕМАШЕ: Во Украина се испраќа Атакмс, се чека само потпис на Бајден

Американската војска е подготвена да испорача тактички проектили со долг дострел АТАКМС на Украина кога американскиот претседател Џо Бајден ќе даде одобрение, пишува Блумберг.

„Подготвени сме да дејствуваме брзо. Ќе бидеме подготвени кога и ако претседателот одлучи да го стори тоа“, рече помошникот државен секретар за армија, задолжен за набавка и опрема Даглас Буш. Како што додаде, Пентагон „долго време се подготвува за таков развој на настаните“.

Буш истакна дека американската војска веќе ги одредила ракетите што ќе бидат испратени во Украина.

„Блумберг“ појаснува дека ракетите АТАКМС можат да носат од 300 до 950 парчиња касетна муниција. Нивниот домет е од 25 до 300 километри.

Според Буш, украинската војска ќе може да лансира до шест проектили одеднаш, користејќи ги системите за лансирање што веќе ги поседува. Како што истакна, на фрлачите ќе им требаат мали модификации.

Претходно телевизијата „Ен-би-си“ објави дека Бајден му ветил на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Вашингтон ќе испорача мала серија тактички ракети АТАКМС на властите во Киев.

Пентагон се подготвува долго време? Се испраќа до АТАКМС..


Слично

Поврзани вести