Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пентагон нема да брза надвор од Сирија како што сака Трамп

Пентагон нема да брза надвор од Сирија како што сака Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп можеби прерано или пресилно ја даде својата јавна изјава дека сака што побрзо да ги повлече сите американски војници кои се стационирани во Сирија и проблемот со оваа долгогодишна граѓанска војна да им го остави на други да го решаваат.

Сепак, официјални лица од Пентагон за американските медиумите брифираат дека повлекувањето на војниците нема да биде така лесно и така брзо со што на некој начин ги поткопа позициите кои ги има претседателот Трамп. 

Секако, сосема очекувано е военото раководство да не се брза да ја напушти Сирија поради ангажираната сила и вложените пари во владини договори за изведувачи од воената индустрија, па така авантурата на Трамп постои голема веројатност да биде успорена.

Тука, се и експертите за национална безбедност на САД кои тврдат дека засега не е во американски интерес брзо повлекување се додека Америка не ги обезбеди своите цели за иднината на Сирија, за можното политичко решение за избори и евентуална смена на Башр ал Асад како и соодветна поделба на зоните на моќ со непредвидливите играчи како Русија, Иран и Турција во оваа земја од што последици може да има во целиот регион на Блискиот исток. 

Слично

Поврзани вести