Пентагон купува „Блекбери“ телефони за сите вработени
Пентагон до крајот на месецов на своите вработени ќе им подели 80 илјади „Блекбери“ телефони. Значителната набавка од американското Министерство за одбрана финансиски ќе ја зајакне канадската компанија, која досега тешко се справуваше со конкуренцијата од „Андроид“ и „Ајфон“ уредите.
Една од главните причини на Пентагон да ги опреми своите вработени со телефони од овој бренд била безбедноста при пренос на податоци. Ова за САД е особено важно по минатогодишната шпионска афера со Едвард Сноуден, а телефоните „Блекбери“ се покажале како најотпорни на кражби на лувствителни информации.
Слично
