Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕНЗИЈА ОД 15.000 ЕВРА: Што се добива Меркел од септември

ПЕНЗИЈА ОД 15.000 ЕВРА: Што се добива Меркел од септември

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе добива месечна пензија од речиси 15.000 евра откако ќе се повлече од функцијата, проценува Германската асоцијација на даночни обврзници.

Шеесет и седумгодишната Меркел ќе се пензионира по парламентарните избори во септември годинава. Пресметките се базираат на нејзиниот долг престој во Бундестагот, како и годините во кои била федерален министер и канцелар. 

Како и сите поранешни германски претседатели и канцелари, така и Меркел, ќе има право на своја канцеларија кога ќе ја напушти функцијата. Таа исто така ќе добие средства за менаџер на канцеларија, двајца асистенти, дактилограф и личен возач, јави ДПА.


Слично

Поврзани вести