ПЕКОЛ ВО БАХМУТ, РУСИТЕ ГО РАЗНЕСОА КЛУЧНИОТ МОСТ: „Беше најважната рута за евакуација на цивилите, можно е повлекување на украинските сили“
Украинските
сили кои го држат источниот град Бахмут ископаа нови ровови во обид да ги
задржат руските напаѓачи.
Руските сили со месеци го напаѓаат Бахмут во провинцијата Доњецк, во една од најкрвавите битки во војната. „Борбите се водат 24 часа на ден во Бахмут... Ситуацијата е критична“, изјави Володимир Назаренко, заменик командант на Националната гарда на Украина, за украинското радио НВ.
„Тие не ги земаат предвид нивните загуби во обид да го заземат градот. Задачата на нашите сили во Бахмут е да му нанесат што е можно повеќе загуби на непријателот. Секој метар украинска земја го чини непријателот стотици животи“, рече тој.
Русите разнеле важен мост кон Бахмут
Руските сили во текот на ноќта го разнесоа клучниот мост што го поврзува Бахмут со блиското село Хромов, соопшти полицијата во регионот на Доњецк. Полицијата во градот Константинивка изјави за Си-Ен-Ен дека се надеваат дека ќе го поправат мостот во наредните денови бидејќи тоа е клучна рута за евакуација на цивили и снабдување со муниција. Армијата сè уште може да пристапи до градот преку земјени патеки и полиња, соопшти полицијата.
Претставник на украинската војска вчера изјави дека е можно и повлекувањето од Бахмут, а истовремено, портпаролот на Источната оперативна команда, Серхиј Черевати, рече дека украинските војници во Бахмут „херојски го бранат овој дел од фронтот додека го исцрпуваат, крвават и ослабуваат непријателот“.
ФОТО: EPA-EFE/OLEG PETRASYUK