Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕКИНГ ПОДГОТВЕН ЗА НАПАД: Кинеските воени авиони и бродови во готовност, се стега обрачот околу Тајван

ПЕКИНГ ПОДГОТВЕН ЗА НАПАД: Кинеските воени авиони и бродови во готовност, се стега обрачот околу Тајван

Официјален претставник на Борбената команда во Источната зона на Кинеската народна ослободителна армија (ПЛА), Ши Ји, објасни дека воените вежби дале детален увид во тоа како Пекинг може да изврши напад врз Тајван.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека војската ги продолжува своите вежби во водите и воздушниот простор околу островот Тајван, главно фокусирајќи се на противподморничка војна и напади од воздух-море.

Кина ги користи своите големи воени вежби околу Тајван за да се подготви за напад.

Уште на 2 август, Источната борбена командна зона на Кинеската Народноослободителна армија започна серија заеднички воени операции околу островот Тајван, како и заеднички воздушни и поморски вежби во морето и воздушниот простор на север, југозапад. и југоисточно од Тајван.

Акцијата на Кина беше одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на островот без согласност на Кина.

Кина има намера да ја преземе контролата врз водите околу Тајван и поширокиот азиско-пацифички регион. Истовремено, Тајпеј организираше свои вежби за гаѓање, симулирајќи одбрана од напад на островот, но според оценките на аналитичарите, воените вежби се сметаат за смешни.

Патувањето на Ненси Пелоси на Тајван предизвика остра реакција од Пекинг, кој го гледа островот како дел од својата територија.

Покрај објавувањето на најголемите воени вежби досега во Тајванскиот теснец, Пекинг воведе трговски ограничувања на Тајпеј и ја санкционираше претседателката на Претставничкиот дом и нејзиното семејство.

ФОТО: EPA/RITCHIE B. TONGO

Слично

Поврзани вести