Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пекинг: Наместо кола на Итна помош – Хеликоптери

Пекинг: Наместо кола на Итна помош – Хеликоптери

Жителите на Пекинг во иднина ќе добијат лекарска помош од воздух - поради големите сообраќајни гужви градските власти воведуваат лекарска помош со хеликоптери.

Со годишно плаќање од 300 или 1000 јуани, зависно од услугата, граѓаните ќе имаат можност за превоз со хеликоптер во случај на несреќа или изненадна болест.

Две понуди во врска со здравствените осигурувања ќе бидат достапни година дена од почетокот на плаќањето. Осигурениците така ќе имаат правовремена медицинска услуга, бидејќи дел од трошоците на летот ќе биде покриен со осигурувањето.

Поефтиниот план чини 300 јуани по корисник и ќе покрие трошоци на хеликоптерот кои изнесуваат до 30 илијади јуани. Поскапата варијанта од 1000 јуани по корисник ќе гарантира покриеност на трошоците и до 300. 000 јуани.

Во овој момент, итните лекарски интервенции по пат на воздушен превоз со хеликоптер е покриена околината на Пекинг и кругот од 300 километри од центарот на градот.

Слично

Поврзани вести