Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПЕЈЏЕРИ ЕКСПЛОДИРАА ВО ЛИБАН: Каде се произведени?

ПЕЈЏЕРИ ЕКСПЛОДИРАА ВО ЛИБАН: Каде се произведени?

Пејџерите користени во смртоносниот напад на групата Хезболах се произведени во Европа, а Блискиот Исток е во страв од одмазда.

Тајванскиот произведувач поврзуван со пејџерите кои експлодираа во смртоносниот напад без преседан во Либан соопшти дека уредите се произведени во компанија во Европа.

Илјадници пејџери далечински и симултано беа активирани низ Либан, убивајќи најмалку девет лица и ранувајќи скоро 3.000 во вторникот. Либанскиот министер за здравство Фирас Абијад изјави дека меѓу загинатите е и едно мало девојче, и дека повеќе од 200 луѓе добиле тешки повреди.

Либанскиот министер за информирање Зијад Макари го осуди нападот како „израелска агресија“. Израелската војска не ги коментираше експлозиите.

По нападот се појавија снимки од пејџерите, со лепенки на задниот дел кои одговараат на пејџерите кои ги произведува тајванската компанија Голд Аполо, покажала анализа на Ројтерс.

Во Либан денеска имаше експлозија и на воки - токи. 

Слично

Поврзани вести